НЕКРСТЕНИ ДЕНОВИ

BALLAD OF PIARGY

режија: Иво Трајков
улоги: Џудит Бардос, Луција Сипосова, Даниел Фишер

премиера: 08.06.2023
времетраење: 100′
земја: Словачка, Македонија, Чешка
жанр: Драма

Во пролетта 1939 г. се пренесува веста дека во малото планинско село Пиарџи (Piargy), затрупано од лавина снег пред само неколку дена, се родил Антихристот. Бискупот бара точно да се истражат изјавите на Јоанка, единствената преживеана од катастрофата, за да дознае што навистина се случило. Љубов, страст, надеж, грев и казна. Ова се зборовите што најдобро би ја опишале атмосферата во најновиот филм на Иво Трајков, симбол на модерната Содома и Гомора. Визуелно раскошна приказна, базирана на кратка приказна на словачкиот писател Франтишек Швантнер (František Švantner), филмот импресионира со својата оригиналност и раритетност во пристапот на темата. Преку брилијантната црно-бела фотографија тој суптилно и нетенденциозно ни доловува атмосфера на историска драма и претставува огледало на хипокризијата на моралот, религијата и патријархалната традиција во општеството – подеднакво релевантна денес, како и во периодот непосредно пред Втората светска војна. Филмот „Некрстени денови“ во словачко-македонско-чешка копродукција има учествувано на голем број меѓународни филмски фестивали и е добитник на повеќе награди, меѓу другите и на фестивалите во Буенос Аирес, Брисел, Фестивалот на независен филм во Монтреал итн.


*Не се препорачува за лица под 12 години, потребен е надзор од родител или старател