МАЧКИ ВО МУЗЕЈОТ

KOTI ERMITAZHA

режија: Василиј Ровенски
улоги: Роман Курцин, Диомид Виноградов, Полина Гагарина, Павел Прилучнии, Александр Гаврилин

премиера: 27.04.2023
времетраење: 70′
земја: Русија
жанр: Анимиран, авантура, семеен

СИНХРОНИЗИРАН НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Додека се обидуваат да избегаат од претстојната поплава, младиот мачор Винсент и неговиот нов пријател, глувчето Морис, се кријат во старото пијано. Кога инструментот ненадејно ќе заврши во музејот, Винсент се среќава со елитен тим мачки кои со години ги штитат ремек-делата од глодари и други штетници. Иако со години сонува да најде вистинско мачкино семејство и копнее по чувство на припадност, тој не сака да го загуби својот пријател кој му го спасил животот, па Винсент е принуден да го скрие Морис. Сепак, глувчето има една слабост, а тоа е што сака да ги гризе најпознатите музејски ремек-дела.

*За целата публика