ВО СЕНКА НА ЗАВЕРАТА

BLACKLIGHT

режија: Марк Вилијамс
улоги: Лијам Нисон, Аидан Квин, Тејлор Џон Смит, Еми Рејвер-Лампман

премиера: 10.3.2022
времетраење: 108′
земја: Кина, Австралија, САД
жанр: Акција, трилер

Сценаристот и режисер Марк Вилијамс, извршен продуцент на мегапопуларната серија Озарк, најавува голем хит со Лијам Нисон во главната улога.
Проблематичниот Тревис Блок е владин оперативец задолжен за извлекување тајни агенти од опасни ситуации. Кога ќе открие завера усмерена на американските граѓани, Блок ќе се најде на нишан на луѓето за кои работи. Тогаш ќе мора не само да влезе во трага на агентот, туку и да ја дознае вистината. Таа вистина може да го наруши неговиот веќе сомнителен морален кодекс.


*Не се препорачува за лица под 12 години, потребен е надзор од родител или старател