ТИТИНА

TITINA

режија: Кајса Нес

премиера: 16.11.2023
времетраење: 91′
земја: Норвешка
жанр: Анимиран, семеен, авантура

Титина е забавна и возбудлива приказна за речиси заборавеното патување и откритие: Oсвојувањето на Северниот пол во 1926 година со воздушна експедиција. Италијанскиот аеронаутички инженер Умберто Нобиле ужива во друштво на своето сакано куче Титина, кое го спасил од улиците на Рим. Еден ден, познатиот норвешки истражувач Роалд Амундсен го контактирал со намера да го освои Северниот пол со воздушен брод. Нобиле се стреми да ја искористи шансата и да направи историја. Тој ја носи Tитина со себе каде што неверојатното трио тргнува во потрага по последното неоткриено место на Земјата. Нивната потрага е успешна, но после тоа двајцата мажи почнуваат да се борат за славата… Низ очите на четириногата Титина се открива вистинската приказна за триумфот и поразот.

*За целата публика