НАЈГОЛЕМАТА ВИСТИНА 2 – ПРЕМИЕРА

Najgolemata vistina 2

режија: Мартин Цветковски
улоги: Мартин Цветковски, Ивана Наумова, Иван Левковски, Катерина Илиевска, Анета Цветановска, Ибраим Сали, Тамара Најдановска, Фросина Стојановска, Викторија Цветковска, Ивана Цековска, Џелал Фера, Кенан Јусуфи

премиера: 15.12.2023
времетраење: 95′
земја: МАКЕДОНИЈА
жанр: Акција, трилер, мистерија

Во првиот дел од филмот Најголемата вистина, се дознава дека убиецот односно убијците се всушност самиот Максим Анчевски, и Ана Филиповска (Шефот на форензика) која всушност со сменето презиме (Анчевска) е сестра на Максим Анчевски, и дека тоа бил нивниот маестрален план за одмазда затоа што како мало девојче Ана била силувана од таткото на Горан Цветановски (колегата на Максим), а случајот го заташкуваат родителите на Фросина, Драгана и Мартина како носители на функции во процесот (Судија, Адвокат, и работник од Центар за Социјални работ- Скопје). Неколку години подоцна, Максим Анчевски, формира тајна организација за заштита на деца и луѓе од секаков вид на семејно насилство под името VANGUARD. Во таа организација е Тара Качар- како Шеф на обезбедување и Бајрам- како шеф на протокол за секое излегување и влегување во вилата каде што се крие Максим со целата организација. Но во вилата се наоѓа и таен лик под шифра –ЦВЕЌЕТО, кој веднаш во почетокот на филмот се покажува дека е ФРОСИНА КРСТЕВА, која всушност е жива и се случува неочекуван пресврт на сценариото


*Не се препорачува за лица под 16 години, потребен е надзор од родител или старател