СО ПОЛНО РАБОТНО ВРЕМЕ

A PLEIN TEMPS

режија: Ерик Гравел
улоги: Лора Калами, Ан Суарез, Женевјев Мниш

премиера: 03.03.2023
времетраење: 85`
земја: Франција
жанр: Драма

Жили е самохрана мајка, која се труди да балансира помеѓу издршката на двете деца со кои живее на село и да ја задржи работата во Париз. Кога конечно ќе биде повикана на интервју за работно место според нејзините амбиции, отпочнува општ штрајк којшто го блокира сообраќајот. Сета привидна рамнотежа на Жили се разнишува. Таа започнува луда трка во која шансите да успее се мали.


*Не се препорачува за лица под 16 години, потребен е надзор од родител или старател