ПРИСПИВНИ СИРЕНИ – ПРЕМИЕРА

SIREN LULLABIES

режија: Кристина Атовска
се појавуваат: Надја Мелешенко, Алена Крисенко, Дмитро Ситко, Јарослав Клашторни, фармацевтот Илија, Дмитро Витик, хирургот Сергеј, Валериа Мелник, Владимир Лурчук, Игор Терехов, Кристијан Луц, Џек Рос, Володимир Сапехин, Тимур и неговата екипа, Виталиј Алексеевич, Оксана Димитриева, Емир Абдулаев, 

премиера: 27.02.2023
времетраење: 90′
земја: Македонија
жанр: Документарен, воен

Филмот „Приспивни сирени“ е независен долгометражен документарен филм кој ги покрива првите четири месеци од војната во Украина. Се работи за лична приказна, раскажана од режисерката на филмот, Кристина Атовска која беше единствената македонска новинарка во Украина… и таму отиде сама. Филмот е направен главно поради желбата на Кристина да им даде глас на оние кои не можат да бидат слушнати, во овој случај, поради војната во нивните дворови. Затоа во фокусот на овој филм се луѓето кои одлучија да останат да живеат во војна. Преку нивните раскажувања ги гледаме сите лица на војната, од злосторства против цивили, до солидарност како форма на отпорот. Патешествието на Кристина почнува од Лвив, преку окупиран Киев и битките на житомирскиот автопат, масакрот во Ирпин и Буча, посета на војниците на првата линија на огнот и завршува под непрекинато бомбардираниот Харков. Филмот доловува како би се чувствувале кога би морале да ги промениме секојдневните рутини за да преживееме барем уште еден ден под дождот од бомби и константна закана.  Филмот е испродуциран од Виктор Петрески (In Digital Production) и украинскиот ко-продуцент Олександер Недбаев (Prime Story Production).


*Не се препорачува за лица под 12 години, потребен е надзор од родител или старател