СМРТ НА НИЛ

DEATH ON THE NILE

режија: Кенет Брана
улоги: Гал Гадот, Анет Бенинг, Арми Хамер, Том Бејтмен, Кенет Брана

премиера: 17.2.2022
времетраење: 127′
земја: В.Британија, САД
жанр: Криминалистички, драма, мистерија

Кенет Брана се враќа како режисер и како детективот Поаро во адаптацијата на истоимената класика на Агата Кристи, која има репутација на еден од нејзините најдобри романи.
Младата, богата и убава Линет има речиси сѐ. Тоа што го нема, го зема. На пример, вереникот на својата најдобра пријателка Џеки. Кога Линет и нејзиниот нов сакан ќе тргнат на меден месец крстарејќи по Нил, ништо не може да ја заштити Џеки од нејзините демони. И никој, дури и познатиот детектив Херкул Поаро не може да го спречи злосторството од страст.


*Не се препорачува за лица под 12 години, потребен е надзор од родител или старател