СМЕНАТА

THE SHIFT

режија: Алесандро Тонда
улоги: Клотилде Хесме, Адамо Диониси, Адам Амара, Јан Хаменекер

премиера: 12.05.2022
времетраење: 83
земја: Белгија, Италија
жанр: Драма, трилер

Брисел. Еден и Абдел, две 17-годишни момчиња, влегуваат во нивното училиште за да извршат самоубиствен терористички напад, но Абдел се разнесува пред предвиденото време, повредувајќи го Еден во експлозијата. Изабел и Адамо, двајца болничари пристигнуваат на местото на настанот и го наоѓаат Еден повреден и онесвестен. Го згрижуваат во амбулантата, не знаејќи дека тој е еден од терористите. На патот кон болница, тие сфаќаат дека Еден носи појас со експлозив, но веќе е доцна: Еден одеднаш се буди! И покрај повредите, младиот човек ги држи како заложници заканувајќи им се дека ќе ја активира бомбата и му наредува на Адамо да продолжи да вози.


*Не се препорачува за лица под 16 години, потребен е надзор од родител или старател