ЛЕТОТО КОГА НАУЧИВ ДА ЛЕТАМ

LETO KADA SAM NAUCILA DA LETIM

режија: Радивоје Андриќ
улоги: Клара Хрвановиќ, Олга Одановиќ, Сњежана Синовчиќ, Жарко Лаушевиќ

премиера: 12.05.2022
времетраење: 87
земја: Србија
жанр: Семеен

„Летото кога научив да летам“ е нежна приказна за созревањето и помирувањето. Дванаесетгодишната Софија сонува за кампување со друштвото и за својот прв бакнеж. Сепак, приморана е летото да го помине во трошната семејна куќа на Хвар, со својата напорна баба Марија и откачената баба-тетка Луце. Без своето друштво, надвор од мрежа и без Интернет, животот на Софија на Хвар е „пекол“, но монотонијата набргу ја прекинува необичното однесување на баба Марија. Софија насетува дека е во прашање тајна романса, но големата истрага за љубовниот живот на бабата доведува до откривање на една долго чувана семејна тајна. Со нови пријателства, симпатии и авантури, Софија го добива своето летување од соништата, но и многу повеќе одошто можела да сонува.


*Се препорачува родителски надзор