СИГУРНОСТ

SEKURITAS

режија: Кармен Штадлер
улоги: Вилмар Биери, Жеан Девос, Катрин Вајт

премиера: 5.2.2022
времетраење: 117′
земја: Швајцарија
жанр: Драма

Канцелариска зграда што наскоро ќе биде урната има последна желба: да ѝ се случи љубовна приказна. Во таа приказна се вклучуваат најчудните ликови, осамениците на ноќната смена: мистериозната чуварка, која е воздржана и неспокојна поради нејзината работа, осамениот хигиеничар, Арап што слуша радиовести од родниот град, збунетиот секретар што копнее по семејство, откачениот готвач што експериментира на својот последен рецепт и шефот што го вежба својот завршен говор пред празни столчиња. Сите тие изгубиле нешто што се надеваат дека повторно ќе го најдат во текот на ноќта.


*Не се препорачува за лица под 12 години, потребен е надзор од родител или старател