СЕМЕЈСТВОТО БИГФУТ

BIGFOOT FAMILY

режија: Жереми Дегрусон, Бен Стасен
улоги: Жулс Медкрафт, Килиан Труљар, Алексис Виктор

премиера: 8.1.2022
времетраење: 89′
земја: Белгија, Франција
жанр: Анимиран, авантура, семеен

Филмот „Семејството Бигфут“ е продолжение на филмот „Синот на Бигфут“, кој ја имаше својата премиера во кината во 2017.
Неколку месеци по нивната повторна средба, животните и луѓето живеат среќно, а Адам полека се навикнува на своите нови моќи. Кога неговиот татко ќе одлучи да ги напушти за да ја спаси долината од валканите бизниси на нафтената компанија, Шели, Адам, Вилбур и Трапер одлучуваат да тргнат по него и да истражат што таму навистина се случува.


*Наменето за целата публика