РОБОМАК 2023 – Финален натпревар по роботика и вештачка интелигенција

ROBOMAK 2023

организатор: Факултетот за електротехника и информациски технологии ФЕИТ

датум на одржување: 13.05.2023

Влезот е слободен

Робомак е годишна меѓународна студентска работилница и натпревар во роботика и вештачка интелигенција. Се одржува по 11ти пат на Факултетот за електротехника и информациски технологии ФЕИТ во Скопје, во организација на македонската студентска секција на организацијата IEEE (Institute of Electrical and Electronics Engineers) и Факултетското студентско собрание на ФЕИТ.
Учесниците на натпреварот имаат можност да работат во тимови и да ги усовршат и употребат своите теоретски знаења и практични вештини за да победат во својата категорија, притоа дружејќи се и соработувајќи со студенти од земјата и странство.
Целта на настанот е популаризација на роботиката и вештачката интелигенција помеѓу студентите и младите во Македонија.