ПАПОКОТ НА СВЕТЛИНАТА – ВЕНКО АНДОНОВСКИ Промоција

Почитувани пријатели и љубители на книгата,

Ни претставува посебно задоволство да Ве поканиме на промоцијата на новиот роман на великанот Венко Андоновски

Уште отсега запамети го датумот кој на исто место ќе ги собере сето минато на македонската книжевност и македонската литературна и животна иднина.
“Кога допираш книга, страниците не ги врти показалецот, туку душата. Прстите се само средството. Исто како и кога допираш човек.“
Така нè учи Венко Андоновски, а така вели и душата. Зашто човекот е душа, а книгата човек.
„Папокот на светот“ ја обележа деценијата. „Папокот на светлината“ нека го обележи векот. Воедно, овој роман е и нов клуч за читање на претходниот, најнаградуваниот македонски роман.
Влезот е слободен.
Со почит,
Кино Милениум и Издавачки центар ТРИ