КАДЕ Е РУДОЛФ

Where is Rudolph

режија: Бранко Атанасов
улоги: Изабела Јакимова, Бранко Атанасов, Анастасија Ласовска, Мартин Ѓоргоски, Јана Вељановска

премиера: 28.12.2022
времетраење: 40′
земја: Македонија
жанр: Авантура, семеен

Некој се обидува да ја земе Новата година. Децата да останат без подароци. Кои се тие палавковци и зошто го прават тоа? Каде исчезна Рудолф? Зошто не е добро да ги навредуваме другарчињата и која е магијата зад зборовите: благодарам и извини? Дојдете заедно да ја спасиме Новата година! Интерактивна и едукативна претстава за дечиња каде што најмалите ќе добијат одговор преку забава и новогодишна магија во семејството на Дедо Мраз и Баба Мразица!

*Наменето за целата публика