ОТПИШАНКОВЦИ

Extinct

режија: Дејвид Силверман, Рејмонд С. Перси
улоги: Адам Девин, Рејчел Блум, Кен Џеонг, Зази Битс

премиера: 06.10.2022
времетраење: 104`
земја: САД, Кина
жанр: Анимиран, авантура, комедија, семеен

Оп и Ед се братче и сестра – слатки, крзнени животинчиња во форма на крофна кои живеат на Галапагос. Случајно, Оп и Ед тргнуваат на пат низ времето, од нивната 1835 година се до сегашноста. Таму ги откриваат сите чуда на модерниот свет и запознаваат мало кученце, кое се обидува да им помогне да разберат каде воопшто се наоѓаат. Тој ги носи во музеј во кој дознаваат дека нивниот вид изумрел во далечната 1835 – веднаш после нивното заминување на пат низ времето. Оп и Ед сфаќаат дека мораат да се вратат назад во 1835 година и да ги спасат своите флумелчиња, но и дека мораат да внимаваат никако да не го променат текот на историјата…

 

*Не се препорачува за деца под 8-годишна возраст, потребен е надзор од родител или старател