ОД РАЈОТ

NEBESA / HEAVENS ABOVE

режија: Срѓан Драгојевиќ
улоги: Горан Навојец, Ксенија Маринковиќ, Бојан Навојец, Наташа Мирковиќ, Сана Костиќ, Радослав Рале Миленковиќ, Милош Самолов, Нела Михајловиќ, Никола Пејаковиќ, Срѓан Жика Тодоровиќ, Милош Тимотијевиќ, Анџелка Прпиќ, Ана Мандиќ

премиера: 01.12.2022
времетраење: 120′
земја: Србија, Германија, Македонија, Словенија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина
жанр: Комедија, драма, фантазија

После половина век комунизам и атеизам – Христијанството е тука да остане! Оваа филмска алегорија со елементи на црна комедија е инспирирана од трите приказни на францускиот писател Марсел Аиме. Приказните за влијанието на чудата врз посткомунистичкото општество во транзицискиот период се одвиваат во 1993-та, 2001-ва и 2026-та година. Појавата на чуда е одговор на колективната свест на промените, кои ја присилуваат целата заедница светот околу себе, превртен наопаку да го гледа воново светло и чудесна перспектива. Овој филм поставува некои од суштинските прашања на современиот свет – Веруваме ли во Христа или се поклонуваме на Златното теле – идолот кој ги опредметува парите, конзумеризмот и алчноста? Како да го разликуваме Божјиот Дар од Искушението на Ѓаволот? Кога е Божјата милост всушност клетва? НЕБЕСА е филм кој поставува бројни прашања, но не нуди едноставни одговори, туку им остава на гледачите слобода сами да размислуваат за нив…


*Не се препорачува за лица под 12 години, потребен е надзор од родител или старател