НАЈГОЛЕМАТА ВИСТИНА

THE BIGGEST TRUTH

режија: Мартин Цветковски
улоги: Мартин Цветковски, Иван Левковски, Диана Таири, Катерина Илиевска

премиера: 24.2.2022
времетраење: 150′
земја: Македонија
жанр: Криминалистички, драма, мистерија, трилер

Сериски убиец треба да има најмалку 3 жртви. Зошто има само 2? Или можеби има повеќе?
Дали се работи за сериски убиец или е нешто многу поголемо?
Ќе успее ли Максим во истрагата во која очигледно е замешан некој од полицијата?
Дали се работи за одмазда кон Максим, или Фросина Крстева е случајна мета на убиецот?
Дали мафијата е поврзана или некој намерно ја вметнува за да го спречи Максим во истрагата?
Сите се сомнителни, некои се осомничени, а само еден е убиец. Или можеби не е еден убиец?
Многу напнатост, адреналин, драма, акција и неизвесност до конечниот одговор на прашањето: „Кој и зошто ја уби Фросина, првата жртва”?
Или можеби… Не е прва?


*Не се препорачува за лица под 16 години, потребен е надзор од родител или старател