МОРБИУС

MORBIUS

режија: Даниел Еспиноза
улоги: Џаред Лето, Мајкл Китон, Адриа Архона, Џаред Херис

премиера: 31.3.2022
времетраење: 104′
земја: САД
жанр: Акција, авантура, драма

Еден од најинтригантните и најкомплексни ликови на Марвел конечно оживува на големото платно.
Носејќи ретка крвна болест и сакајќи да им помогне на другите што болуваат од нешто слично, доктор Морбиус прави многу опасен експеримент. Иако на почетокот сѐ изгледа совршено добро, тој самиот се претвора во сѐ помрачна фигура. Дали доброто ќе надвладее над злото или Морбиус на крајот сепак ќе подлегне на новите мистериозни пориви.


*Не се препорачува за лица под 12 години, потребен е надзор од родител или старател