БРЗА ПОМОШ

AMBULANCE

режија: Мајкл Беј
улоги: Џејк Џиленхал, Јахја Абдул-Матин, Елза Гонзалез, Герет Дилахант

премиера: 7.4.2022
времетраење: 136
земја: САД
жанр: Акција, криминалистички, драма

На улиците на Лос Анџелес во само еден ден три животи засекогаш ќе се променат. Се случува најголемиот грабеж на банка во историјата на градот и можниот плен е 32 милиони долари. Како доаѓа до тоа?
Одликуваниот ветеран Вил нема пари за лечењето на својата жена. Очаен, бара помош од личноста од која никако не смее да бара ништо – неговиот брат, Дени, харизматичен криминалец. Дени му нуди на Вил да учествува во големиот грабеж, а бидејќи животот на неговата жена виси на коцка, Вил не може да одбие. Нештата тргнуваат лошо кога ќе украдат возило на брзата помош во кое се наоѓа полицаец, кој се бори за живот.


*Не се препорачува за лица под 16 години, потребен е надзор од родител или старател