МАТРИКС: ВОСКРЕСНУВАЊА

THE MATRIX RESURRECTIONS

режија: Lana Wachowski
улоги: Keanu Reeves, Carrie-Anne Moss, Yahya Abdul-Mateen II, Jessica Henwick, Jonathan Groff, Priyanka Chopra Jonas

премиера: 23.12.2021
времетраење: 148′
земја: САД
жанр: Акција, научна фантастика

Приказот на дистописката иднина во која човештвото е заробено во симулирана реалност ги маѓепса гледачите далечната 1999 година. Таквата симулирана реалност воодушеви со импресивните визуелни ефекти, слоевитата, длабока приказна, која комбинира филозофија, религија, етика и технологија. Матрикс со своето сложено дејство, во голема мера инспирирано од филозофија, ќе ги присили гледачите на поинаков вид учество во филмот – на размислување за идентитетот, постоењето и моралните прашања, кои никогаш не биле толку актуелни како денес, во времето во кое живееме.


*Не се препорачува за лица под 16 години, потребен е надзор од родител или старател