ХУРИЈА

HOURIA

режија: Мунија Медур

улоги: Лина Кудри, Рашида Бракни, Салим Кисари, Марван Фарес, Амира Хилда Дауда

премиера: 21.12.2023
времетраење: 104`
земја: Алжир
жанр: Драма

Хурија е талентирана танчерка која сонува да му се придружи на Алжирскиот Национален Балет. За да преживее, преку ден работи како чистачка, а навечер се клади во тајни, илегални борби. Откако некој ќе ја нападне, се буди во болница. Прогнозата е тешка и мрачна: не може да зборува, а сигурно никогаш повеќе и нема да може да танцува. Одбивајќи да го напушти својот сон, таа со целото срце и душа, се фокусира на своето физичко опоравување. Во центарот за рехабилитација запознава други жени кои имаат доживеано слични трагедии. Хурија одлучува да им помогне да ги надминат своите ранети тела и да застанат на две нозе – со тоа што ќе ги научи да танцуваат!


*Не се препорачува за лица под 12 години, потребен е надзор од родител или старател