ГОЛЕМАТА ЖЕЛБА

DIA DE MUERTOS

режија: Марк Кециер, Роб Минкоф, Крис Бејли
улоги: Мишел Јео, Семјуел Л. Џексон, Мајлк Сера, Рики Џервајс, Мел Брукс, Џимон Хунсоу

премиера: 13.10.2022
времетраење: 98′
земја: САД
жанр: Анимиран, акција, комедија

Во мексиканскиот град Санта Клара живее Салма – 16 годишна девојка која е сирак и никогаш не ги запознала своите биолошки родители. Единствената приказна која и ја кажувале целиот нејзин живот е дека нејзините родители ја напуштиле. Салма целиот свој живот го псветила барајќи информации за идентитетот на нејзините родители и каде би можеле тие да се наоѓаат, но секогаш без среќа…додека еден ден не откри специјална книга, која е преполна со приказни за Санта Клара и историјата на нејзините граѓани. Со оваа нова, специјална книга Салма тргнува во авантура заедно со нејзините двајца храбри и добродушни посвоени браќа, Хорхе и Педро за да ги најдат алките кои недостасуваат од нејзиното семејно семејно дрво, со надеж дека конечно ќе ги запознае своите одамна изгубени родители.

 

*Не се препорачува за деца под 8-годишна возраст, потребен е надзор од родител или старател