ДЕВОЈКАТА ОД МОЧУРИШТЕТО
WHERE THE CRAWDADS SING
режија: Оливија Њуман
улоги: Дејзи едгар Џонс, Тејлор Џон Смит, Харис Дикинсон, Дејвид Стратхерн, Мајк Хајат
премиера: 18.08.2022
времетраење: 125`
земја: САД
жанр: Мистерија, трилер, драма
Напуштена од нејзиното семејство, Кија Кларк инаку позната меѓу сограѓаните од Баркли Коув како Девојката од мочуриштето е мистериозна и малку дива. Девојката од мочуриштето е зрела приказна за една млада девојка одгледана од жителите околу мочуриштето на југот на САД во 50тите години. Кога градскиот мангуп ќе биде пронајден мртов и необјасниво поврзан со Кија, девојката од мочуриштето ќе стане главен осомничен во случајот на неговото убиство.