ЧУВАРИТЕ НА ФОРМУЛАТА

ČUVARI FORMULE / GUARDIANS OF THE FORMULA

режија: Драган Бјелогрлиќ

улоги: Алексис Маненти, Радивоје Буквиќ, Лионел Абелански, Жереми Лаер, Оливије Бартелеми, Алиса Радаковиќ, Ан Сера, Огњен Миќовиќ, Јован Јовановиќ, Жан-Луи Кулок, Седрик Апието, Мики Манојловиќ, Драган Бјелогрлиќ

премиера: 23.11.2023
времетраење: 120
земја: Србија, Словенија, Македонија, Црна Гора
жанр: Трилер, историски, драма

Во екот на кризата од Студената војна, група научници од Институтот Винча спроведуваат таен проект предводен од професорот Драгослав Поповиќ. Поради непредвидени околности, тие се изложени на смртоносна доза на радијација, поради што југословенската тајна полиција ги носи на лекување во Клиниката Кири во Париз. Францускиот медицински тим предводен од професорот Жорж Мате заклучува дека нивната состојба е критична и дека деновите им се избројани. Предлага, за прв пат тогаш, да се изврши деликатна и неизвесна интервенција. Дали е тоа експеримент врз живи луѓе или искрена желба да им се помогне – станува мачно прашање за југословенските научници.


*Не се препорачува за лица под 12 години, потребен е надзор од родител или старател