АВАТАР 3D – РЕ-ИЗДАНИЕ

AVATAR

режија: Џејмс Камерон
улоги: Сем Вортингтон, Зои Салдана, Сигурни Вивер, Мишел Родригез, Стивен Ленг

премиера: 30.09.2022
времетраење: 160′
земја: САД
жанр: Научна фантастика, авантура

Кога неговиот брат ќе биде убиен во грабеж, маринецот параплегичар Џејк Скали ќе го завземе неговото место во мисијата во далечниот свет Пандора. Таму дознава дека Паркер Селфриџ – алчен корпоративец, има за цел да го избрка домородното население на хуманоидниот народ На-Ви, за да може да ги присвои бесценетите материјали кои се расеани секаде низ нивните шуми. Во замена за операцијата на рбетниот столб со чија помош повторно ќе може да се движи, Џејк се согласува да собере информации за оваа магична раса и нивната култура, инфилтрирајќи се во На-Ви, со помош на Аватар идентитет. Додека Џејк се поврзува со домородното племе и бргу се заљубува во прекрасната Неитри, алчната корпорација продолжува понатаму тактиката на безмилосно уништување, со што ќе го натера маринецот да завземе страна и да се бори на страната на На-Ви во епската битка за судбината на Пандора


*Не се препорачува за лица под 12 години, потребен е надзор од родител или старател