МОБИЛЕНД

MOBYLAND

режија: Изабела Јакимова
улоги: Ана Димитрова, Благој Јовановски, Гоце Андонов, Јована Зајкова, Изабела Јакимова

премиера: 31.10.2023
времетраење: 50′
земја: МАКЕДОНИЈА
жанр: Едукативна детска претстава

Претставата има за цел на еден креативен начин да ги научи децата за потребниот баланс помеѓу дигиталните уреди и игрите во природа кои се особено важни за нивниот раст и развој, а во последно време се помалку присутни. Едукацијата за правилно користење на дигитални уреди, се одвива преку приказната насловена МОБИЛЕНД во која царуваат ликовите на Теа, Леа, Давид и Симеон, како и моќниот Господар кој по секоја цена сака да ги претвори сите во роботи и да го создаде Мобиленд, така што ќе ги навлече да не ја креваат главата од мобилните телефони. Дали Господарот ќе успее во својата мисија и дали ќе го создаде Мобиленд или пак поспаниот херој Сонко кој ќе биде повикан од Златната книга на херои, ќе успее да ги ослободи? Останува да видиме…. Комична и интерактивна претстава за деца, каде што дечињата ќе им помагаат на Теа и поспаниот Сонко да ги спасат своите другари и да го спасат своето маало од роботизација и целосна дигитализација! Театар и едукација!

*Потребен е надзор од родител или старател. Препорачана возраст од 5-12 години