КОКОЗАЈКО И ТАЈНАТА НА МРАЧНИОТ РЧКО

CHICKENHARE AND THE HAMSTER OF DARKNESS

режија: Бен Стејсен, Бенџамин Мускет
улоги: Дени Фезенфелд, Мајкл Орнстајн, Дино Андраде, Џои Охман, Лајла Берзинс, Кајл Хеберт, Џордан Тартаков 

премиера: 15.7.2022
времетраење: 91′
земја: Белгија, Франција
жанр: Анимиран, авантура, комедија

Во раскошен свет на фантазија и чуда, младиот херој Кокозајко е роден половина пиле, половина зајак. Кокозајко бил посвоен од кралот Петар кој бил многу познат авантурист. Сакајќи да се вклопи и да биде сакан и прифатен и покрај неговите разлики, Кокозајко е опседнат со авантури без разлика колку и да е несмасен. Најголемиот злосторник во кралството – неговиот чичко ќе избега од затвор и ќе се закани дека ќе му го одземе престолот на неговиот татко. Кокозајко ќе се втурне во епска авантура заедно со саркастичната желка Ејб и експертот за боречки вештини, творот Мег во која имаат за мисија да го запрат неговиот чичко и да го спасат кралството.

 

*Не се препорачува за деца под 8-годишна возраст, потребен е надзор од родител или старател