ДЕН НА ТРУДОТ

MAY LABOUR DAY

режија: Пјер Жалица
улоги: Мухамед Хаџовиќ, Емир Хаџифазибеговиќ, Адмир Гламочак, Борис Исаковиќ, Александар Сексан, Мирвад Куриќ, Јасна Жалица, Татјана Шојиќ, Џенита Имамовиќ Омеровиќ, Лабина Митевска, Ведран Џекиќ, Бранка Катиќ, Ермин Браво, Бранимир Поповиќ

премиера: 28.12.2023
времетраење: 113′
земја: Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора
жанр: Драма

По десет години поминати во Германија, Армин во глуво доба на ноќта доаѓа во Босна. Првомајски празници се, само што се оженил и сака да го изненади татко си Фудо. Не го наоѓа дома. Загрижен е. Од соседите дознава дека Фудо е уапсен, кој знае зошто. Утредента, од весниците дознава дека е осомничен за воено злосторство во дведесеттите. Во маалото немир: дали е возможно Фудо да бил воен злосторник? Армин го моли за помош инспекторот Гагула. Тој договара средба на таткото и сонот која поради банален инцидент пропаѓа, Се’ се одложува за утредента. Но, во текот на таа ноќ, Фудо се беси. Самоубиството ги разгорува несогласувањата во маалото, зошто би се убил ако не е виновен? Армин мора да дознае што се случило. Гагула му помага. Местото на злоасторството го пронаоѓаат во запалената куќа над градот. Од сведоците дознаваат дека Фудо тука случајно се затекол кога снајперот ранил дете. Во хаосот што настанува, успеале да го елиминираат снајперистот, но пострадало и целото негово семејство, Снајперската пушка никогаш не биле пронајдена. Армин тоа го мачи. Се обидува да ја пронајде со помош на Гагула. Пијаното маало расправа за вината на Фудо. Кавгата прераснува во тепачка, а тепачката во срам. Армин наместо пушка наоѓа шише ракија, според стариот обичај закопан вземи по раѓањето на синот, со намера да се откопа за неговата свадба, која тој не ја дочекал. Армин се враќа во Германија носејќи го со себе тоа шише ракија, како тежок потсетник какви последици носат омразата и војната.


*Не се препорачува за лица под 12 години, потребен е надзор од родител или старател