НАДВОР ОД ИГРА
THE WAY BACK

режија: Gavin O’Connor
улоги: Ben Affleck, Janina Gavankar, Michaela Watkins, Hayes MacArthur
премиера: 5.3.2020
времетраење: 108′
земја: САД
жанр: Драма, спорт
Џек бил голема надеж на својот кошаркарски клуб, но откако животот го одвел во сосема друга насока, неговите соништа ги заменил со алкохол.
Разведен, без постојана работа и со траума од загубата на детето, Џек се враќа во својот роден град каде што добива понуда да биде кошаркарски тренер во својот поранешен клуб. Џек ја прифаќа работата и го презема тимот што се наоѓа на дното на табелата. Додека неговите тренерски вештини од клубот ќе направат вистинска спортска сензација, Џек сѐ повеќе тоне во своите пороци.
*Не се препорачува за деца под 16 години, потребен е надзор од родител или старател