ИЗВЕСТУВАЊЕ

Драги наши пријатели и малку подраги пријателчиња,

Поради направените штети од невремето и силните врнежи, одредено време кино Милениум нема да работи, сѐ додека не се изврши санирање на штетите и додека не се процени дека се обезбедени сите услови за непречено и безбедно функционирање на киното.

Се надеваме дека надлежните институции во скоро време ќе ги преземат соодветните чекори за решавање на проблемот и дека единственото градско кино повторно ќе биде отворено за својата публика.