ЗАКОН НА НОЌТА

LIVE BY NIGHT

live-by-night_poster

режија: Ben Affleck
улоги: Ben Affleck, Scott Eastwood, Zoe Saldana, Elle Fanning, Sienna Miller

премиера: 12.1.2017
времетраење: 128′
земја: САД
жанр: Криминалистички, драма

Дејството на филмот се случува во времето на прохибицијата и го следи подемот на Џои Кофлин, од ситен криминалец до еден од најпознатите гангстери во Америка. Џои Кофлин, најмладиот син на угледниот бостонски полицаец, веќе одамна му го свртел грбот на своето строго и правилно воспитување. Сега, откако во текот на детството „дипломирал“ на ситни кражби, Џои прераснал во најстрашниот градски мафијаш, кој ужива во возбудата и во улогата на одметник. Но, животот од другата страна на законот носи висока цена. Во времиња на немилосрдни луѓе, амбиции, пари, илегален алкохол, оружје и борба за контрола на пазарот, никому, ниту на членовите на семејството, а ни на пријателите, не може да им се верува.