ВАЛЕРИЈАН И ГРАДОТ НА ИЛЈАДА ПЛАНЕТИ – (27.7.2017)

VALERIAN AND THE CITY OF THOUSAND PLANETS

Valerian_poster

режија: Luc Besson
улоги: Dane DeHaan, Cara Delevingne, Clive Owen, John Goodman, Ethan Hawke, Clive Owen, Rihanna

премиера: 27.7.2017
времетраење: 137′
земја: Франција
жанр: Акција, aвантура, научна фантастика

Валеријан и Лаурелин се специјални владини агенти задолжени за одржување на редот во целата вселена. Валеријан планира романтична врска со својата партнерка Лаурелин, но таа ќе го одбие поради неговот минато со жените. По директива на Заповедникот, Валеријан и Лаурелин се пратени на мисија во меѓугалактичкиот град Алфа, растечка метропола, која е составена од илјада планети. Алфа има 17 милиони жители, кои ги обединиле своите таленти, технологија и ресурси за доброто на светот. Но, немаат сите исти интереси и цел; невидливи сили ќе го доведат градот во голема опасност.