УБАВИЦАТА И ЅВЕРОТ

BEAUTY AND THE BEAST

beauty and the beast_poster

режија: Bill Condon
улоги: Emma Watson, Dan Stevens, Luke Evans, Kevin Kline

премиера: 16.3.2017
времетраење: 129′
земја: САД
жанр: Семеен, фантастика, музички

Дизниевиот „Убавицата и ѕверот“ е играна адаптација на анимираната класика, која ликовите од оваа бајка ги преобликува за модерната публика, но останува верна на оригиналната музика и ја дополнува со неколку нови песни.
Ова е бајковита приказна за патувањето на Бела, паметна, убава и независна млада жена, која е заробена од ѕверот во замокот. И покрај стравот, таа ќе се спријатели со маѓепсаните слуги во замокот и ќе научи да ја надмине одвратната надворешност на ѕверот и ќе сфати дека во него се наоѓа вистински добродушен принц.