ТЕГЛА ПОЛНА ЖИВОТ

A JAR FULL OF LIFE

режија: Florian Ross
улоги: Marc Benjamin, Ilka Bessin, Adam Bousdoukos, Gerda Böken

премиера: 21.3.2019
времетраење: 95′
земја: Германија
жанр: Комедија, драма

Марлен е млада жена чијшто живот сѐ уште не почнал. Веќе во своите рани дваесетти, таа сѐ уште живее со родителите и нема никакви цели и аспирации. Заглавена во монотонија од којашто не гледа излез, дури и нејзиниот сакан постар брат не може да ја спаси од нешто што ѝ личи на вечна криза. Кога ќе ја разбуди една лична трагедија, Марлен тргнува во авантура за којашто очигледно не е спремна: брод ја чека во Хамбург за да ја однесе до Антарктикот. Но, како ли ќе стигне до таму со само осум евра во џебот? Тоа е почетокот на едно епско патување, кое е исто толку духовито, колку и емотивно.