T2 ТРЕЈНСПОТИНГ

T2: TRAINSPOTTING

t2_poster

режија: Danny Boyle
улоги: Ewan McGregor, Kelly Macdonald, Jonny Lee Miller, Robert Carlyle, Ewen Bremner, Steven Robertson

премиера: 23.2.2017
времетраење: 117′
земја: В. Британија
жанр: Драма, комедија

Продолжението на култниот Трејнспотинг, со истите култни ликови.
Прво беше можноста… Потоа беше предавството. Поминаа дваесет години. Многу нешта се изменети, но многу нешта останале исти. Марк се враќа на единственото место што може да го нарече „дома“. Сите го чекаат: Спад, Сик Бој, Бегби… Го чекаат и старите добри другари: тагата, загубата, радоста, одмаздата, омразата, пријателството, љубовта, копнежот, стравот, жалоста, диаморфинот, самоуништувањето и смртната опасност. Сите тие се подготвени да го пречекаат и да се приклучат на танцот.