ШТРУМФОВИ: СКРИЕНОТО СЕЛО

SMURFS: THE LOST VILLAGE

Strumfovi_poster

режија: Kelly Asbury
улоги: Ariel Winter, Michelle Rodriguez, Julia Roberts, Joe Manganiello

премиера: 30.3.2017
времетраење: 89′
земја: САД
жанр: Анимиран, авантура, комедија

За разлика од своите претходници, „Штрумфови: Скриеното село“ во целост е анимиран, што на комплетниот филм му дава потполно нов изглед. Во третото продолжение на овој популарен анимиран серијал, Штрумфета со помош на таинствената карта и во придружба на своите најдобри пријатели (Текнувало, Трапавко и Силен Штрумф) се впушта во возбудлива авантура низ Забранетата шума полна со волшебни суштества за да го пронајде мистериозното село пред тоа да го стори злобниот Гаргамел. Впуштајќи се во ова неверојатно патување исполнето со возбудувања и опасности, нашите јунаци наскоро ќе ја откријат најштрумфастичната тајна во својата историја.