СРЕЌЕН КАКО ЛАЗАРО

HAPPY AS LAZZARRO

режија: Alice Rohrwacher
улоги: Nicoletta Braschi, Sergi López, Alba Rohrwacher

премиера: 18.4.2019
времетраење: 125′
земја: Италија, Швајцарија, Франција, Германија
жанр: Драма

На една рурална плантажа во Италија, нежниот Лазаро живее со семејството во постојан долг кон богатата маркиза. Исто како што маркизата ги експлоатира своите исполичари, така другите исполичари го искористуваат простодушниот Лазаро. Неговата лековерна природа ќе го привлече вниманието на самобендисаниот син на маркизата, Танкреди, кој гледа можност и го вплеткува Лазаро во смел план да ја измами мајка си.