СИ БЕШЕ ЕДНАШ ВО ВЕНЕЦИЈА – (27.7.2017)

ONCE UPON A TIME IN VENICE

Venice_poster

режија: Mark Cullen
улоги: Bruce Willis, John Goodman, Jason Momoa, Emily Robinson

премиера: 27.7.2017
времетраење: 94′
земја: САД
жанр: Акција, комедија, трилер

Стив Форд е приватен детектив од Лос Анџелес, кој се повлекол од работата, но не сосема. Неговиот професионален и приватен живот се руши кога неговиот сакан пес-љубимец Бади, ќе го украде озлогласена банда. Цела низа луди околности го доведува дотаму да се клади со бандата, додека во исто време го гонат двајца одмаздољубиви браќа и неколку други сомнителни ликови. Велат дека кучето е најдобар пријател на човекот, а Стив ни покажува колку далеку човек е спремен да отиде за повторно да биде со него.