ПРОТОКОЛ ЗА ПОСЕТИТЕЛИТЕ ВО КИНО МИЛЕНИУМ

– Задолжително e носењето лична заштитна опрема (маска) за сите посетители на киното. Маската е задолжителна за цело времетраење на посетата на киното, во сите простории: хол, тоалет, киносала за цело времетраење на проекцијата.

– Задолжително е одржување физичка дистанца од 1,5 – 2 метри помеѓу посетителите пред билетарницата, пред влезот во холот, пред влезот во киносалата и при купување на шанкот.

– Не е дозволено стоење и групирање на посетителите од публиката во холот или киносалата.

– Задолжителна дезинфекција на рацете за сите посетители при влез во киното.

– Задолжително мерење на телесната температура на сите посетители при влез во киното. Доколку посетителот има покачена телесна температура истиот се повлекува на страна и температурата повторно се мери по 5 минути и ако е повторно покачена, посетителот може да го замени билетот за проекција во друг ден или да му бидат рефундирани средствата на каса, доколку билетот е набавен на билетарница. Ако билетот е набавен преку електронски пат, посетителот ги прифаќа Условите за користење на онлајн-продажба на билети на ЈУ МКЦ објавени на веб-страната.

– Се препорачува електронска набавка на билети како и бесконтактно плаќање доколку билетот се набавува на билетарница. Доколку билетот се купува на билетарница, задолжително е одржување дистанца од 1,5 до 2 метри, и истото растојание меѓу вработениот и посетителот.

– Продажбата на пијалоци се одвива на шанкот во холот на кино Милениум при што задолжително е одржување дистанца од  1,5м. помеѓу посетителите. Се препорачува плаќањето да се изврши со користење бесконтактни платежни картички.

– Задолжително седење само на местото означено на билетот.

– Користењето на тоалетите е ограничено на максимум двајца посетители во исто време.