ПРЕДГРАДИЕ – (20.11.2017)

SUBURBICON

suburbicon_poster

режија: George Clooney
улоги: Јulianne Moore, Matt Damon, Oscar Isaac, Glenn Fleshler, Sonia Gascon, Michael D. Cohen

премиера: 20.11.2017
времетраење: 104′
земја: САД, Велика Британија
жанр: Криминалистички, драма, мистерија

Субурбикон е мирна, идилична приградска заедница со пристојни домови и убаво уредени дворови – совршеното место за семеен живот, и летото 1959 г. семејството Лоџ го прави токму тоа. Но навидум мирната површина крие вознемирувачка реалност, а сопругот и татко Гарднер Лоџ е принуден да се справи со мрачните предавства, измами и насилства што се кријат во гратчето. Ова е приказна за несовршени луѓе, кои прават многу лоши избори во животот. Ова е Субурбикон.