ПЕДЕСЕТ НИЈАНСИ: ОСЛОБОДЕНИ

FIFTY SHADES FREED

freed_poster

режија: James Foley
улоги: Arielle Kebbel, Luke Grimes, Dakota Johnson, Kim Basinger

премиера: 8.2.2018
времетраење: 105′
земја: САД
жанр: Драма, романса, трилер

Џејми Дорнан и Дакота Џонсон се враќаат како Кристијан Греј и Анастасија Стил во „Педесет нијанси – Ослободени“, третото продолжение на светскиот бестселер „Педесет нијанси“. Откако Кристијан ја прифаќа функцијата Претседател на компанијата, Анастасија сега мора да се прилагоди не само на неговата посесивна природа и брачниот живот, туку и на неговиот нов богат животен стил. Иако таа од почетокот е свесна за непредвидливоста на животот со неговите педесет нијанси, брачниот живот ќе им донесе повеќе предизвици од што очекувала. Заедно имаат сѐ, љубов, страст, интима, богатство, блескава иднина и свет од можности на дланка. Нивниот специфичен однос преполн драма, возбуда и еротика, сега повеќе од кога било е обвиен и од романса, но наскоро ќе биде обвиен и од сплет опасни, несакани околности.