ПАТКИ ЗА НЕВОЗМОЖНИ ЗАДАЧИ

QUACKERZ

quackersz_poster

режија: Viktor Lakisov
улоги: Michael Gross, Jesse Corti, Robbie Daymond, Mark DeCarlo

премиера: 1.6.2017
времетраење: 81′
земја: Русија, САД, Кина
жанр: Анимиран, авантура, комедија

На еден мал остров, изгубен во далечната Кина, мирниот живот на мандаринските патки одненадеж ќе се претвори во голем хаос, кога војска диви патки, кои тргнале на крстарење до Хаваи, случајно ќе заврши на нивниот остров. Шефот на дивите патки не сака да ја почитува нивната традиција, а царот на мандаринските патки не сака неканети гости, па меѓу двете племиња избива ладна војна. Додека возрасните војуваат, децата водачи на двете племиња се заљубуваат и воопшто не се интересираат за војната и за судбината на нивните татковци.