НЕЗАБОРАВНА ПРОЛЕТ ВО ЗАБОРАВЕНО СЕЛО

AN UNFORGETTABLE SPRING IN THE FORGOTTEN VILLAGE

режија: Kushtrim Bekteshi
улоги: Shkumbin Istrefi, Osman Ahmeti, Ndriçim Xhepa, Luan Jaha

премиера: 11.4.2019
времетраење: 110′
земја: Македонија
жанр: Комедија

Вообичаениот живот и спокојството на едно ‘заборавено село’ драстично го пореметува пристигнувањето на три проститутки во селската кафана. Мажите, и покрај обидите на нивните жени да ги спречат, целото време го поминуваат во кафана трошејќи ги сите пари на алкохол и секс. Во училиштето почнува да преовладува хаотична состојба. Оџата на селото го губи авторитетот и џамијата останува без верници. Само двајца млади имаат придобивка од целата настаната ситуација реализирајќи ја нивната љубовна врска, која е забранета од нивните родители. На крајот, сите жени од селото се креват во востание и ја палат кафаната, по што селото наизглед ќе се врати во нормала.