НЕПОЗНАТАТА ДЕВОЈКА

THE UNKNOWN GIRL

the unknown girl_poster

режија: Jean-Pierre Dardenne, Luc Dardenne
улоги: Adèle Haenel, Olivier Bonnaud, Jérémie Renier, Louka Minnelli

премиера: 9.2.2017
времетраење: 113′
земја: Белгија, Франција
жанр: Криминалистички, драма, трилер

Д-р Џени Даван раководи со клиника во предградието на Лиеж. Доцна една вечер, по завршувањето на работното време, Џени игнорира ѕвонење на вратата на клиниката. Следното утро дознава дека ѕвонела млада девојка, која барала помош и дека таа неидентификувана личност сега е мртва. Измачена од грижата на совест и помислата на непозната девојка во необележан гроб, Џени решава да го примени својот методичен и дијагностички ум на случајот, создавајќи си мисија да открија која била жената, и кој, или што, е виновен за нејзината смрт.