НАЈСРЕЌНИОТ ДЕН ВО ЖИВОТОТ НА ОЛИ МЕКИ

THE HAPPIEST DAY IN THE LIFE OF OLLI MÄKI

Olli Maki_poster

режија: Juho Kuosmanen
улоги: Oona Airola, Eero Milonoff, Jarkko Lahti

премиера: 18.5.2017
времетраење: 92′
земја: Финска, Германија, Шведска
жанр: Драма, романса

Летото 1962 година, надежниот боксер Оли Меки се подготвува за најголемиот меч во неговата дотогашна кариера: борба против актуелниот носител на титулатата на светското првенство. Со огромен талент и неверојатно скромен, Оли се стекнува со огромна популарност и станува национален симбол на земјата додека се подготвува за најголемата и најбезнадежната шанса во неговата кариера.
Постои само еден проблем: Оли се вљубува. Во рингот е Финска против САД, но надвор од него, боксот и романсата се натпреваруваат кој ќе го задржи вниманието на Оли. Доловувајќи го притисокот на подготовките за мечот, сложените емоции на вљубувањето и конфликтите што произлегуваат од обидите да се жонглира со овие две работи, „Најсреќниот ден во животот на Оли Меки“ слика чувствителен, прониклив и необичен портрет на еден од спортските херои на Финска. Почнувајќи од најавната шпица, која е прецизно напишана за да одговара на дизајнерскиот стил од почетокот на 60-тите години во Европа, па понатаму, голем дел од филмот е направен да наликува на филмските вести од тоа време.