МОЕТО ЧУДОВИШНО СЕМЕЈСТВО

HAPPY FAMILY

Happy Family_poster

режија: Holger Tappe
улоги: Emily Watson, Jason Isaacs, Nick Frost, Jessica Brown Findlay

премиера: 26.10.2017
времетраење: 96′
земја: Германија, В. Британија
жанр: Анимиран, комедија, семеен

Семејството Вишбон е далеку од среќно семејство. Мајката Ема, сопственик на книжарница, која е во големи долгови. Таткото Финк е сериозно преоптоварен со работа и трпи секојдневна тортура од својот шеф. Ќерката Феј е самосвесна тинејџерка окупирана со првата средношколска симпатија, а генијалецот Макс го малтретираат врсниците од училиштето. И тоа не е крај. На маскенбалот злобната вештерка ги претвора сите во чудовишта, па семејството треба да ја брка низ целиот свет за да го симне проклетството.