МАТУРА

GRADUATION

graduation_poster

режија: Cristian Mungiu
улоги: Adrian Titieni, Maria-Victoria Dragus, Rares Andrici, Lia Bugnar

премиера: 29.12.2016
времетраење: 128′
земја: Романија, Франција, Белгија
жанр: Драма

Ромео Алдеа, физичар што живее во малечко планинско гратче во Трансилванија, ја воспитал ќерка си Елиза со идејата дека штом ќе наполни 18 години, ќе замине да студира и да живее во странство. Неговиот план е блиску до остварување – Елиза добива стипендија да студира психологија во Велика Британија. Само треба да положи матура, формалност за толку добра ученичка. Еден ден пред писмениот испит, Елиза се соочува со напад што би можел да ѝ ја загрози целата иднина. Сега Ромео мора да одлучи. Постојат начини да се реши ситуацијата, но ниту еден од нив не ги вклучува принципите на кои тој, како татко, ја воспитал ќерка си.