МАЛИОТ ЏО

LITTLE JOE

KAT 2 -родителски надзор

режија: Jessica Hausner
улоги: Emily Beecham, Ben Whishaw, Kerry Fox, Kit Connor

премиера: 12.3.2020
времетраење: 105′
земја: В.Британија, Австралија, Германија
жанр: Драма, хорор, мистерија

Алис е самохрана мајка, посветена на одгледувањето билки во корпорација, која се занимава со пронаоѓање нови видови.
Одгледуваат нов цвет, кој покрај тоа што е убав, има и терапевтско дејство. Ако се чува на идеална температура, ако се храни адекватно и ако редовно му се зборува, цветот ја прави среќна личноста што го одгледува. Спротивно на правилата на компанијата, Алис носи еден цвет како подарок за својот син, Џо. Но, набрзо Алис почнува да се сомнева дека новата билка не е така безопасна како што мисли.

 

 

 

 

*Не се препорачува за деца под 8-годишна возраст, потребен е надзор од родител или старател