МАЛИОТ ДИРЕКТОР

THE BOSS BABY

boss baby_poster

режија: Tom McGrath
улоги: Alec Baldwin, Steve Buscemi, Jimmy Kimmel, Lisa Kudrow, Tobey Maguire

премиера: 13.4.2017
времетраење: 97′
земја: САД
жанр: Анимиран, комедија, семеен

Малиот директор е урнебесно универзална приказна за тоа како доаѓањето на новите бебиња влијае на семејството. Раскажана е од аспект на еден неверодостоен наратор, имагинативниот седумгодишен Тим.
Тим бил центар на универзумот на своите родители сѐ до моментот додека не се појави ТОЈ, новиот член на нивното семејство, кој носи одело и актовка. Љубоморен на својот нов брат, тргнува во мисија да го врати вниманието на своите родители и дознава дека неговиот брат не е баш обичен човек.